Во Македонија денеска е изборен молк, но се гласа. Вообичаено еден ден пред сите гласаат раселените лица, затворениците  како и болните и немоќните лица. Гласање денеска се спроведува и во Охрид, а меѓу болните и немоќните лица кои поднеле барање до Општинската изборна комисија за остварување на своето граѓанско право, беше и уредникот на „Ohridnews“, Горан Момироски. Тој избирачкото право го оствари во својот дом. Членови на избирачкиот одбор го посетија заедно со претставник на ОБСЕ.


Членовите на Избирачкиот одбор и ОБСЕ

Гласачките ливчиња на лицата кои денеска го остварија своето граѓанско право, се запечатени во коверти и  ќе бидат уфрлени во гласачките кутии, а овие гласови ќе бидат изброени со останатите гласови по затворањето на избирачките места утре во 19 часот.

OHRIDNEWS