На почетокот на јули, американецот Тод Фашлер доживеа две напријатности, каснување од змија и болничка сметка. Откако во Сан Диего го касна змија звечарка, што во таа област и не е редок случај, Тод добил болничка сметка која ќе мора да ја отплаќа со години. Змијата го касна кога се обидувал да се фотографира со неа.
После укажаната лекарска помош и отпуштањето од болница на 9 јули, му била врачена сметка од неверојатни 153 илјади долари. Не е познато дали имал осигурување или износот ќе го плати од својот џеб, но секако е јасно дека сите овие лекови и лекарси услуги се преценети. Само за противотровот болницата бара 83 илјади долари. Секако дека лекот како овој не е ефтин, но 83 илјади долари е буквално кражба, пишуваат американските медиуми.