Тројца медицински техничари се суспендирани под сомнение дека краделе лешеви од мртовечница во една виенска клиника и се обидувале да ги продадат, соопштиле надлежните од болницата.

Двајца мажи и една жена, чии идентитети не се соопштени, биле вработени во болницата Кајзер Франц Јозеф. Уапсени се после анонимна пријава до управата на клиниката која веднаш ја известила полицијата.

Инспекторите соопштиле дека тројцата испраќале мејлови со кои на „заинтересираните странки“ им нуделе да им продадат лешеви.Обвинителството настојува да утврди колку пари барале за „робата“ и дали продале некој леш. 

ohridnews