Анонимен британски болничар го чека дисциплинска постапка откако отишил во преполн супермаркет облечен само во танга и чорапи. Претходно не го послужиле со образожение дека не служат луѓе во униформа.
Истрчал од маркетот, го соблекол зелениот мантил и се вратил кај истата продавачка само по чорапи и танга. Прашал дали ќе го послужат бидејќи не е повеќе во униформа. Продавачката го одбила и повикала полиција. Луѓето гледале и се изнасмеале. Една жена која се затекнала во маркетот рекла дека обично за ваков настап се плаќа, а тие се изнагледале бесплатно.