Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјаер за утрешниот натпревар со Кристал Палас во 28-та рунда од Премиер лигата нема да може да смета на десет фудбалери кои се надвор од стројот поради повреди. Шпанците Андер Ерера и Хуан Мата и Џеси Лингард се повредија во дербито со Ливерпул, а Маркус Рашфорд повреден го доигра мечот. Пред пресметката со лутиот ривал се повреди Немања Матиќ, а претходно поради повреда во аут беа Ентони Марсијал, Фил Џонс, Матео Дармијан, Антонои Валенсија, и Маркос Рохо.
Норвежанецот кој го препороди Манчестер Јунајтед шанса ќе им даде на младинците кои одредено време веќе тренираат со првата екипа. Релативно поискусните МекТоминеј и Андреас Переира ја искорисија прилика на Олд Трафорд против Ливерпул и би требало да го започнат мечот од првата минута на Селхуст Парк.
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во импозатна серија на гостински терен победувајќи во сите седум натпревари, откако на клупата пристигна Солскјаер. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед немаат примено погодок на трите последни натпревари што преставува консолидирање на најслабата алка во екипата.
Утрешниот меч се игра во 21 часот, а покрај овој натпревар ќе се одиграат уште Арсенал – Бурнмаут, Саутемптон – Фулам, Челси – Тотенхем, Ливерпул – Ватфорд, Манчестер Сити – Вест Хем. Денеска силите ќе ги одмерат Кардиф – Евертон, Хадерсфил – Вулверхемптон, Лестер – Брајтон, Њукасл – Барнли.
OhridNews