Министерот за здравство Венко Филипче задоволен е од работата на Општата болница во Охрид и специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и од нивното брзо престројување и соодветно соочување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19. Министерот им честиташе и им се заблагодари на двете болници за одржувањето на високиот ритам на работа.

Охридската општа болница и болницата „Св. Еразмо“ се познати по својата традиција, искуство, експертиза и успешниот третман на голем број на пациенти сите овие изминати години. Затоа сакам да им изразам голема благодарност и да им честитам. Во краток временски период брзо се престроија и адаптираа на кризата, нешто за што ниту еден здравствен систем во светот не беше подготвен. Општата болница во Охрид е еден од регионалните ковид центри. Заедно со болницата во Битола го опфаќаат овој регион. Од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот се одреди еден дел од болницата каде докторите специјалисти работат со пациентите заразени или суспектни на Ковид-19. Секојдневно комуницираме со охридската болница во однос на трансферот на пациенти од една во друга установа каде што има потреба. – изјави Филипче.

Дополнителни мерки кои ќе го ограничат движењето нема да има, но Министерот апелира да се почитуваат пропишаните мерки за заштите и протоколите, односно сите лица да носат заштитна маска, да одржуваат растојание и често да ги мијат и дезинфицираат рацете.

Разговаравме за евентулани дополнителни мерки со претставниците од Светската здравствена организација. Заеднички беше одлучено дека единствено што можеме да воведеме како дополнителна мерка е рестрикција на движењето, други мерки не можеме бидејќи веќе ги имаме. Наш заклучок моментално е дека нема потреба од рестрикција на движењето. – рече Филипче.

Пандемијата на коронавирусот не спласнува. Бројките во светот повторно растат, а во здравствените установи се примаат нови доктори и мединцински персонал, се со цел за подобро справување со пандемијата.

Последните статиските секаде низ светот покажуваат дека пандемијата не спласнува и секаде каде што се попуштаат мерките има ново заразени и бројките растат. Имаме податоци дека бројот на заразени расте во нашите соседни земји. Утрово Комисијата за заразни болести одржа состанок со претставници на надлежните институции од соседни земји се со цел да ја согледаме вистинската слика за ситуацијата со коронавирусот. – вели Министерот.

Во врска со забелешките за доцнење на тестовите за коронавирус Министерот Филипче истакна дека периодот на чекање не е предолг а се должи на малиот број на епидемиолози.

Притисокот е најголем во Скопје, каде има најголем број на дијагностицирани пациенти и се лекуваат тешките случаи од целата држава. Проблемите со анкетирањето потешко но се надминуваат. – рече Филипче.

Директорот на Општата болница Охрид, Др Горан Балевски информираше дека во моментов на инфективното оддоление има 18 пацинети со Ковид-19 а на другите одделенија уште седум.

Пикот во Охрид го достигнува врвот. За сега добро се справуваме со целата ситуација. Сите пациенти се хоспитализирани и адекватно третирани, во зависност од клиничката слика. Болницата во Охрид е оперативна. Непречено работат хируршкиот и гениколошкиот дел и можеме да се пофалиме со осум пораѓаи во еден ден, нешто што се нема случено во Охрид. – потенцираше Балевски.

Тој додаде дека ситуцијата е под контрола и дека капацитетот може да одговори на барањата ако се потребни.

Ние сме во координација со сите болници и одма располаме со точни и прецизни бројки каде и колку има заразени, или пак слободни кревети. Неодамна капацитетот во охридската болница беше исполнет и испративме четири лица во болницата во Битола. Ќе повторам, ситуацијата во болниците е стабилна и тој тренд ќе продолжи. Тешко е да се предвиди состојбата понатаму но ние како болница со целокупниот капацитет стоиме на располагање и граѓаните можат да бидат спокојни. – рече директорот Балевски.

Балевски истакна дека медицинскиот персонал е максимално заштитен. Болницата има доволно ресурси за работа, кислород како и другата потребна опрема, маски, визири, ракивици, средство за дезинфекција и друго.

Во рамки на работната посета во Охрид, Министерот Филипче оствари средба и со раководството на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска