За една година женскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ од Охрид се искачи во шампионските височини и падна сосема на дното и е пред згаснување. До спортската редакција на Ohrid News пристигна писмо од ЖФК „Билјанини Извори“ кое ви го објавуваме во целост :
Женскиот Фудбалски Клуб БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 од Охрид кој се натпреварува во ПРВАТА Женска Фудбалска лига на Македонија, а кој во сезоната 2012/2013 го освоивме првото место и бевме шампиони на Македонија и го преставувавме градот Охрид и Р. Македонија во лигата на шампиони кој се играше во Финска од 07 до 14. 08.2013 год.
За таа прилика сакаме да ве потсетиме дека во повеќе наврати со ваши претпоставени за доброто на спортот разговаравме и со Секретарот но никако да дојдеме до разговор со Вас, а и нашето мислење е дека до Вас лично не допрел нашиот проблем, иако ни беше ветено дека Градоначалникот ќе ве повика и да ни честита за освоеното ПРВО место на Р. Македонија.
За таа прилика ви се обраќаме а и воедно се надеваме дека не е касно да не повикате, само сакаме да ве запознаеме со дел од нашето работење во Женскиот Фудбал кој за жал остана сам да се бори и да го преставува градот Охрид и Р. Македонија а и надвор од Р. Македонија , за што ние играме и пријателски натпревари надвор од Р. Македонија во Р. Србија- Јагодина, Р. Албанија- Тирана, Р. Бугарија- Благоевград имаме покана и од други Републики но нашите финансиски можности не ни дозволуваат да ги оствариме тие средби.
Само сакаме да ви укажиме дека во сезоната 2012/2013 год го освоивме Првото место на Р. Македонија и се здобивме се право на учество во Лигата на Шампионите но ждрепката сакаше да бидеме гости во Р. Финска од 07 до 14.08.2013 год, за што подобро да го преставиме градот Охрид и Р. Македонија за жал немавме апсолутно никаква помош освен од Ј.П. Билјанини Извори кој ни даде помош од 12,000,оо денари, ако се земе во обзир дека повеќето играчи беа надвор од градот и моравме да се погрижиме да обезбедиме припреми и сместуване на тие играчи кој ги сместивме во градот и им беше обезбедено спиење и храна во траење од 15 дена на 15 играчи се на наш трошак од клубот, исто така сами го обезбедивме патувањето со автобус до Р. Финска со изминати 6000 илјади километри кој навистина ни преставување голем проблем сами да го обезбедиме а ниту еден да не испрати на толкав долк пат без чаша вода да ни даде за пат.
ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО
За што подобро преставување во Финска сами си обезбедивме два комплети дресови и по еден пар тренерки за сите играчи и тоа со натпис Оштина Охрид како главен спонзор на клубот, а во прилог ви ги доставуваме дел од нашите слики со дресовите и тренерките со натпис на Општина Охрид и нашата изјава за ,,Оhridnews,, каде изразивме голема благодарност на Вас како градоначалник Никола Бакрачески и Фудбалската Федерација на Македонија Г- дин Илчо Ѓорѓиоски и сите спортски рабитници, но мораме да нагласиме дека вистината е сосема друга, за таа прилика ве молиме да одвоите време да бидеме повикани и да разговараме колкави се вашите мозности да ни помогнете клубот да се врати на добрите патеки и поново да го освоиме првото место само со Ваша помош можеме да го оствариме замисленото. Се надеваме на позитивен одговор и спортски ве поздравуваме.
Ohridnews