Малиот охридски херој, Марко Пејчиновски, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.
По изминати 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот кај Градиште. Целта на Марко беше да се обиде да преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.
И покрај откажувањето, 13-годишниот Марко е вистиски херој, дотолку повеќе што на овој сериозно тежок подвиг се реши од хумани причини, да помогне да се подигне јавната свест и грижата за лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонска битка за живот.
За потсетување, минатата година Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. Тој е дотолку поголем ако се има предвид фактот дека тој има доживеано инфаркт на коста на долните екстремитети.
OhridNews