Поделбата на бодовите во интересен натпревар меѓу Радовиш и Работник (34-34) падна во втор план, откако непотребно настана мешаница на средината од првиот дел.
Во 18-та минута, домашниот ракометар Милан Левов физички го нападна пивотменот од Работник, Адли Ашраф кој пак претходно ни малку нежно стартуваше над поранешниот играч на охридскиот клуб.
После смирување на страстите, Левов заработи син картон додека Ашраф мечот го заврши со црвен картон. Добивањето на син картон значи автоматска суспензија до донесувањето на конечната одлука по разгледувањето на снимките.
Составот на Работник по ова реми го загуби чекорот со Охрид на врвот во Супер лигата кој пред своите гледачи рутински го совлада Прилеп.
OhridNews