Бокост е благородна вештина која бара сила ,храброст, интелект , пожртвуваност ,помага во оформувањето на личноста. Боксерската традиција во нашиот град ја одржува БК Охрид кој брои 10 члена, предводени од тренерот Алексо Огненовски. Како и останатите спортови во нашиот град така и овај спорт се наоѓа на маргините. Боксерите сами ги покриваат трошоците за тренинзи , сами ја купуваат својата опрема,нараквици, протези. Единствената помош од локалната ја добиваат во оебезбедувањето на патните трошкови и тоа само за турнири кои се одржуваат во државата, но не и за меѓународните турнири.
се работи во тешки услови
Викендов со наптреварите во салата Автокоманда во Скопје, започнува екипното првенство во Македонија. Во конкуренција од 10 клуба , боскерите на БК Охрид ке земат учество во сениорска, јуниорска и кадетска категорија со 7 натпреварувчи .
Во сениорскта категорија до 57 кг ќе настапи Гзим Алиу за кого ова ќе биде деби настап на едно натпреварување .
Сениори до 69 кг ќе настапи Сенат Веселоски
Сениори до 75 кг ќе настапи Илче Јоноски.
Кадети до 60 кг Усенија Линдим .
Јуниори до 60 кг ќе настапи Саше Лескароски.
Јуниори до 69 кг Ристески Бојан Ристески
Јуниори до 75 кг Сурија Илиоски уште еден боксер кој ќе дебитира на едно натпреварување .
од тренингот на БК Охрид
Тренерот Огненовски очекува одличен настап на турнирот, и одбрана на трофејот освоен мината сезона во јуниорска конуренција. И покрај тешката финсиска состојба, БК Охрид зеде учество со 2 натпреварувачи Илче Јоноски и Сенат Веселоски на мартовскиот “Београдски победник“ каде во конкуренција на преку 100 натпреварувачи од 14 земји, не постигна позначителни резултати. Очекуваат покана за учество на меѓународниот турнир во Скадар, Албанија кон крајот на април. Од клубот се надеваат да ќе успеаат да обезбедат средства за да учествуваат со повеќе натпреварувачи.
М. Постолоски