Спортски истражувачи од Соодинетите американски држави (САД) после долги анализи и истражувања, креираа топ листа од најтешки спортови кои се играат ширум светот. Во анализата биле влучени повеќе фактори како што се физичката подготвеност и интензитетот на тренинзите, контактот помеѓу спортистите, големината на теренот и друго.
Во сите посебни рангирања по категории, боксот бил во самиот врв и затоа, го добил епитетот најтежок спорт на денешницата. Веднаш после боксот на листата се наоѓа хокејот, а топ 3 го заокружува американскиот фудбал.
Во првите десет има место уште за кошарката, борењето, ММА, тенисот, гимнастиката, бејзболот, а изненадувачки на десеттата позиција е фудбалот. Иако важи за најпопуларен, фудбалот според ова истражување не е во самиот врв според тежината.
OhridNews