Фудбалскиот клуб Лестер точка на 2018 година ќе стави со традиција која започна претседателот Вишаи Шривадханапрабха кој загина годинава, откако веднаш до стадионот се сруши хеликоптерот.
Навивачите на „лисиците“ пред мечот со Манчестер Сити кој е закажан за утре (среда) во терминот познат како „Боксинг деј“ ќе можат да уживаат во бесплатно пиво, вода, пица и многу забава. Дружењето и целиот настан организиран од клубот ќе трае три часа.
Традицијата на екипата од „Кинг Пауер“ стадионот со забава исполнети со храна и пијалоци започна после освојување на титулата, а продолжи за денот после Божиќ.
Фудбалерите на Лестер на маестрален начин го најавија дуелот со актуелниот шампион во Премиер лигата, откако го совладаа со минимални 1-0 Челси на Стемфорд Бриџ.
OhridNews