Љубители на елитниот бокс можат задоволно да тријат раце, откако британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури потпишаа договоро за две борби во рингот, пренесува „Скај спорт“.

Долгите преговори помеѓу двајцата боксери вродија со плод и нивните меѓусебни пресметки ќе бидат вистински спектакли. Џошуа е сопственик на три титули во ултра тешка категорија, додека Фјури во сопственост ја има ВБЦ титулата.

Наскоро треба да бидат потврдени датумите, по што боксерите ќе можат да почнат со подготовките за што подобар резултат.

OhridNews