Еден од најдобрите и најпопуларните боксери Флојд Мејведер нема намера да го промени ставот околу враќањето во рингот. Тој неодамна најави повлекување од боксот а деновиве го потврди со што ја исклучи можноста за кам бек.
Американецот во текот на кариерата имаше точно 50 борби и на сите успеа да победи. На 27 од борбите победата ја извојуваа со нокаут.
Моето здравје е богатство. Не сакам да ризикувам и затоа не се враќам во рингот. Имав доста понуди но не се враќам. – изјави боксерот.
Последен пат во рингот екстра популарниот Мејведе беше во 2017 година и го совлада ирскиот боксер Конор МекГрегор во еден од најбогатите натпревари во спортот.
OhridNews