Боксерска репрезентација на Македонија се врати од САД каде изминативе денови учествуваше на Светско првенство.
На шампионатот во Чикаго на кој учествуваа близу 700 боксери од 120 земји, боите на нашата репрезентација ги бранеа Вели Мумин (51 кг), Наси Хани (81 кг) и Примислав Димовски (+91 кг), предводени од тренерот Руждија Калац.
Калац, по пристигнувањето на скопскиот аеродром “Александар Велики“, изјави дека е задоволен од настапот, и покрај тоа што со неговите боксери не успеаја да остварат норма за Олимпијада-2008 во Пекинг.
Претстојат меѓународните турнири “Златен Гонг” на 9-10 ноември во Скопје, како и квалификациони турнири за Олимпијада-2008, во Пескара-Италија, и Атина-Грција, кои ќе се организираат од Европската боксерска федерација АЕБА, рече Калац.
Ohridnews
На фотографијата боксерите: Наси Хани, теренрот Руждија Калац, Примислав Димовски, Вели Мумин и преставникот на БФМ на пречекот во Скопје