Охридските кошаркари по триумфот над Тетекс во 14-та рунда во Билјанини Извори ги дели само уште една победа за и официјално да бидат шампиони во Втората лига. Првата позиција на табелата во Втората лига ќе донесе елитна кошарка следната сезона во Охрид.


– Како и во претходните мечеви така и со Тетекс влеговме без калкулации на победа, со која би се доближиле на чекор од Првата лига. Фаворитската улога ја оправдавме во целиот меч добивајќи сите четвртини поединечно. – рече Петар Бојоски.

Тој во составот на Охрид се врати токму од тимот на Тетекс кој сезонава грчевите ќе се бори за опстанок. – Од се срце им посакувам опстанок во Втората лига. Таму поминав убави моменти и сакам да ја одржат традицијата на натпреварување во Втората лига која трае повеќе од две децении.

Во 15-та рунда со триумф над Вардар во Скопје охридските бели можат да ја заверат првата позиција и пласманот во елитната кошаркарска лига.

– Со нетрпение го очекувам мечот со Вардар во Скопје со голема надеж за победа со што би го обезбедиле шампионското место и пласманот во елитата. Нашиот тим го краси единственото и играњето со љубов и срце на секој меч. – заврши Бојоски.

Резултати: Ангели – Гостивар 90-89, Пелистер – Водњански Лисици 79-70, АВ Охрид – Тетекс 102-68, Шкупи – Академија ФМП 97-89, Радовиш – Вардар 61-65.

Табела: АВ Охрид 28, Вардар 25, Гостивар 23, В. Лисици 22, Пелистер 22, Шкупи 19, Ангели 19, Академија ФМП 18, Тетекс 18, Радовиш 16.

OhridNews