Бојкотот на настава на учениците од средните училишта, ќе продолжи во вторник, најави Средношколскиот пленум. 

Во моментов, единствена алатка околу актуелниот проблем ни е бојкотот. Се одржаа два марша, се поднеа две барања, двапати, се побара средба со Министерот Абдулаким Адеми, но ништо од ова не вроди со плод, па се решивме на радиаклизација, односно бојкот.  Министерот двапати ни вети средба преку медиумите, но тоа двапати не се исполни. Она на кое се надеваме е дека оваа недела ќе бидеме повикани на средба и нашите барања ќе бидат исполнети.“ – велат од Средношколскиот пленум. 

Деновиве Средношколскиот пленум го промовираше првото видео за активностите и барањата, а најави уште едно.

Од минатата недела кон барањата на Средношколскиот пленум се приклучија и гимназијата „Св. Климент Охридски“ и средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид. Учениците од 3 и 4 година од овие училишта покрај бојкот на настава организираа и протестен марш низ градот на кој ги изнесоа своите барања, враќање на стариот концепт на матура и укинување на екстерното тестирање.

OhridNews