Студентскиот пленум, на повеќе факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера организираше герила акции, повикувајќи ги студентите да ја бојкотираат наставата.

Студентите влегувале во предавалните и со транспарент, на кој пишува „Автономна зона“ и барале од нивните колеги, преку бојкот на наставата, да им се придружат во борбата против Законот за високото образование и на генералниот пленум на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Во пресрет на генералниот пленум, преку бојкот на наставата побаравме поддршка од нашите колеги да се вклучат во активностите кои ги спроведува Пленумот во борбата за академска слобода. Бојкотот успешно беше реализиран на техничките факултети на УКИМ, а акцијата се спроведува и на другите факултети, и се надеваме на успешност и таму”, изјавија од Студентскиот пленум.

Дали ќе продолжат и на кој начин ќе се одвиваат активностите на Студентскиот пленум, велат дека ќе се одлучи дополнително.

OhridNews