Во Куманово екипата на Пелистер пристигна во 14. 10 ч. и поради опасноста од стемнување не се одигра натпреварот со ФК Милано.
Незадоволни од вчерашниот реизбор на претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи Ристески,во знак на поддршка за противкандидтот Благоја Николовски, на еден час
пред почетокот на натпреварите, на стадионот во Ѓоче Петров наместо на
предвидените локации каде што требаше да бидат одиграни денешните
натпревари, се појавија екипите на Македонија ЃП, Хоризонт Турново,
Слога Југомагнат и Пелистер.
Во сенка на одложените натпревари се одигра дербито во Тетово помеѓу Ренова и Работнички кој заврши со победа на домаќините од 2-0, со идентичен резултат Победа го совлада Тетекс.