Бојан Трајковски ги предизвика првите негативни турбуленции во македонската кошарска репрезентација која се подготвува за квалификациите за Евробаскетот следната година.
Корпулетниот кошаркар остранет од селекцијата е лично од селекторот Драган Раца поради непочитувањето на репрезентативниот кодекс.
– Ме праша дали може да биде ослободен од саботните тренинзи за да биде кум на свадба. Ние му дозволивме, но тој не се појави и во следните два дена. Веќе не сметам на него дефинитивно. – изјави селекторот, пренесува „Македонски спорт“.
Македонската репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот ќе се сретне со Унгарија, Велика Британија и Луксембург.
OhridNews