-Бојан Бјелиќ е исклучитено квалитетен пејач кој и е добро познат на охридската публика, а што е поважно мошне е популарен и во Србија од каде доаѓаат најголемиот број туристи кај нас. Тука е и нашиот Ѓоко Танески кој е докажан на македонската музичка сцена, како и познатите „Аренси бенд“, така што забавата за Нова година на плоштадот е загарантирана, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Петрески денеска уште еднаш упати апел до сите туристички чинители да направат се што е во нивна моќ да ги привлечат туристите во Охрид. Хотелиерите и ресторатерите да ги намалат цените, таксистите да се однесуваат коректно и да не наплаќаат големи цени за превоз, односно сите да строриме се што е во наша моќ туристуите што ќе дојдат во Охрид да поминат пријатни моменти, додаде Петрески.