Поранешниот ракометар на Охрид, Бојан Белевски по нецела полусезона мината во Бугарија лесно може да се случи да се врати во македонската Супер лига.

Како што пренесува „Спорт365“, Белевски има три понуди за останување во Бугарија и една, а можеби и највредна понуда Макс Струмица.

Белевски сезонава ја почна во Радовиш, но пред завршување на есенската полусезона замина од клубот и се пресели во бугарскиот Левски.

Неговите одлични игри во Левски не останаа незабележани и на маса има понуди каде да ја продолжи кариерата.

OhridNews