Боинг 777 на корејскиот авиопревозник Asiana Airlines се урна при слетување на аеродромот во Сан Франциско. Информациите од светските агенции говорат дека патниците се евакуираат со тобогани, но не е познато дали има жртви.


Во авионот имало 291 патник и 16 члена на екипажот. Во болницата во Сан Франсиско хоспитализирани се осум возрасни и две малолетни лица, сите во критична состојба, јави CNN.


Патници изјавиле дека при слетување авионот зализгал, удрил во пистата при што се откинала опашката и други делови, а набрзо потоа избил пожар, кој го гаснат четириесетина противпожарни возила.

Не се знае што го предизвикало инцидентот на еден од најсигурните авиони на денешницата. Временските прилики биле идеални за летање.

OhridNews