„Боинг“, престана со производството на патничката верзија на најголемиот светски комерцијален авион, моделот „747-400“.

Од 1969 година кога го доби сертификатот од Федералната администрација за воздухопловство за тој авион, американската компанија  „Боинг“ досега продала 450 летала на компании од целиот свет.


Боинг 747 на Air France

Популарниот „џамбоџет“ во моментов се уште е најголемиот млазен патнички авион во светот, но статусот ќе го изгуби до крајот на оваа година, до кога се очекува  „Сингапур ерлајнс“ да  го добие својот прв „Ербас А380“ со 555 седишта.


AIRBUS – A380