Економијата во моментов во земјава е најсилната точка, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов и порачува дека во ваква политичка констелација најмалку што треба е да се наруши нејзината стабилност.
“Имаме макроекономска стабилност, стабилен курс на денарот, стабилност на банкарскиот сектор, ниска инфлација, економски раст кој очекуваме годинава да го продолжи трендот од претходните години и да биде повисок од претходната и најмалку што ни треба во рамки на политичките констелации што ги имаме во моментов да ја нарушиме стабилноста на економијата, макроекономската и банкарската стабилност и да наштетитеме на економскиот раст” изјави гувернерот Богов оценувајќи ги како невистини изнесените информации во медиумите за работењето на Народната банка на Република Македонија.
Додаде дека единствено што може да не дестабилизира се изнесувања невистини и инсинуации и оти прекуекономијата, а особено преку банкарскиот сектор најлесно може да се наштети. Посочи дека и домашната потрошувачка е здрава и дека расте и оти не влијае врз движењата на инфлацијата.
“Теоретски дефлацијата не е добра за економијата но ако е предизвикана од домашни фактори, а кај нас таа е предизвикана од увозните цени на нафтата и на некои основни прехранбени производи. Од тој аспект е поволно што увезуваме такви производи и тоа има поголем ефект врз надворешно-трговската размена, а домашните фактори воошто не влијаат на ваквото движење на инфлацијата” рече Богов и додаде дека годината очекуваат да заврши со позитивна инфлација меѓу 0 и 1 процент.
OhridNews