Богослужбите за Велигденските празници во сите парохиски храмови ќе стартуваат еден час порано од вообичаено, информираат Македонската православна црква-Охридска архипископија.

На 29 април, на Велики четврток богослужбата ќе започне во 17 часот. Истиот термин ќе биде и на 30 април, на Велики петок. На 1 мај, на Велика сабота вечерта службите ќе започнат во 23:30 часот.

Ние како православни христијани сме должни да се грижиме и за душата и за телото. Затоа како Црква секогаш апелираме за почитување на мерките на Владата зашто и црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе. Затоа сметаме дека со нашето внимание и грижата за себе, но пред се со грижата за ближните, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од ова искушение, – стои во соопштението.

Поради новонастанатата состојба со коронавирусот, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат во храмовите и да го дочекаат достоинствено Христовото Воскресение, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот што подразбира носење заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење определено растојание.

OhridNews