Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека денес, со почеток во 18.30 часот по повод Велики четврток, ќе има бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви.
Утре, со почеток во 7 часот ќе има царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.
Утревечер, со почеток во 19 часот, верниците ќе може да присуствуваат на „Оплакувањето и опело на Христа“. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“.
OhridNews