Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 12-ти април, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 16 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост). На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На 14 април, недела, по повод празникот недела на „Св. Марија Египетска“ со почеток во 08:45 часот ќе се служи света Василиева литургија во црквата „Св. Георги“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви.
OhridNews