На 8 август во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба.
Утре, 9 август 2007 година, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошпник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“. Богослужбата со која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј започнува во 8:30ч..
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
ohridnews