По повод празникот Свети Стефан, во истоимениот манастир во близина на Охрид, денес и утре, втор и трет ден Божиќ, ќе се одржат богослужби.
Денес попладне во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а утре во 7: 30 часот утрена богослужба со Света божествена литургија, информира свештенството на манастирот Св. Стефан.
Од манастирот ги покануваат верниците на одбележување на празникот Св. Стефан.
Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и нови конаци.
Н.С.Ј.