По  повод претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица)  на 28 август 2009 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, соопшти Дебарско – кичевската епархија.  Со богослужбата која ќе започне во 8.45 часот, (едноцрквие за Охрид), ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

На 29 август 2008 година (сабота), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски и неракотворен лик на Господа Исуса Христа“, со почеток во 8.45 часот, (едноцрквие за Охрид) на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Ohridnews