Христијанскиот празник Свети Стефан со света литургија денеска ќе биде одбележан во манастирот во Охрид што го носи името на светецот. Литургијата ќе започне во 8 часот и 30 минути.

Свети литургии од 8 часот и 30 минути ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, а богослужба денеска нема да има во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.