Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници за распоредот на богослужбите по повод претстојните празници Св Петка и Св. Климент Охридски.
На 7 август 2008 година (четврток) – вечерта, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“ во манастириот „Света Петка“ – Велгошти, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба.
На 8 август 2008 година (петок), во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.
На 8 август 2008 година (петок) – вечерта, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“ во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 9 август 2008 година (сабота), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополтот Струмички г. Наум и Митрополитот Европски г. Пимен, како и со повеќемина свештенослужители.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
ohridnews