По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 7 август 2007 година (петок) – вечерта, во манастириот „Света Петка“ – с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

На 8 август 2007 година (сабота), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.30 часот.

По повод осветувањето на фрескоживописот на манастирската црква „Света Петка“ од село Оровник, и осветувањето на новите конаци  на 8 август (сабота) 2009 година, на празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се одржи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители со почеток во 8.30 часот.

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2007 година (сабота) – вечерта, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот.

На 9 август 2007 година (недела), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чи-ноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополтот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј како и со повеќемина свештенослужители.

Ohridnews