По повод празникот Свети Климент Охридски Чудотворец  патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека  на 7 декември 2009 година (понеделник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на  Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16.00 часот.

На 8 декември 2009 година (вторник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Свети Климент Охридски Чудотворец, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

ohridnews