По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, вечерва, 7 декември, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16.00 часот.

На 8 декември, среда, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Климент Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews