По повод празникот „Свети Климент Охридски“, заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, на 7 декември, сабота, ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува митрополититотТимотеј.
На 8 декември, недела, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
На 9 декември 2019 година, понеделник, по повод празникот „св. вмч. Георги и преп. Алимпиј Столпник“, во црквата „св. вмч. Георги“ – Охрид, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј.
OhridNews