Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 13 мај 2010 година (четврток), во манастирот „Вознесение Христово“ – Свети Спас, село Горно Лакочереј, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Вознесение Христово“ – Спасовден, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews