По повод празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на 28 август, петок, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј.
На 29 август, сабота, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во манастирот Св.Климент и Св. Пантелејмон – Плаошник, на која исто така ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј.
Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбите, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. – соопшти Дебарско – кичевската епархија.
OhridNews