Православните верници утре ќе го одбележат празникот „Воведение на Пресвета Богородица“.
По тој повод во црквата „Света Богородица -Каменско“ утре со почеток во 8 часот и 45 минути ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски господин Тимотеј.
Од дебарско-кичевската епархија најавуваат дека богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
Ohridnews