Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре на 14-ти јуни 2016 година, во манастирот Свети Еразмо – Охрид, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот посветен на „Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.
На 15-ти јуни 2016 година во среда, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски господин Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
OhridNews