По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, од Дебарско- кичевската епархија ги информираат верниците дека денес, 2 јули, во манастирот „ Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.
На 3 јули, петок, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.
OhridNews