По повод празникот „Св. Наум Охридски, во сабота, 2-ри јули, во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Во недела, 3-ти јули, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews