Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 јули 2010 година (вторник), во црквата „Света Богородица“ – Болничка, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот на „Свети маченици Кирик и Јулита“, со почеток во 17.00 часот.

На 28 јули 2010 година (среда), во црквата „Света Богородица“ – Болничка, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети маченици Кирик и Јулита“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews