Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31-ви мај 2015 година во недела, во црквата „Света Троица“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.

На 1-ви јуни 2015 година понеделник, во црквата „Света Софија“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9 часот, на која ќе чинона-чалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебар-ско-кичевски господин  Тимотеј.

По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение или Руса Среда?“, од дипломираниот теолог  Виктор Недески од Охрид.

OhridNews