Бадник или Коледе денеска ќе биде одбележан во сите парохиски цркви во Охрид. Во 7 часот и 30 минути ќе се пее утрена со царски часови.

В Среда, на рождеството христово-Божиќ во црквата „Свети Никола“-Геракомија ќе се служи света архиерејска златоустова литургија што ќе започне во 8 часот и 45 минути.

Во сите парохиски цркви на Божиќ  во 8 часот и 45 минути ќе се одржува света златоустова литургија. За Божиќ нема да има богослужби на Плаошкиот манастир, информираат од дебарско-кичевската епархија.

Ohridnews