По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2010 година (недела) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“ во 19 часот  ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со по-четок во 19 часот.

На 9 август 2010 година (понеделник), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews