Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2008 година (понеделник), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На Благоец богослужба ќе има само во црквата „Света Софија“ каде ќе се одржи едноцрквие, соопшти Дебарско-кичевската епархија. Оттаму  ги повикуват сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

ohridnews