По повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“ – (летен) на 15 мај 2010 година (сабота), во црквата „Свети Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија. Богослужбата почнува  во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews