По повод празникот „Собор на сите македонски светители“, на 4 октомври, недела,  со почеток во 08:45 часот, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, информира Дебарско – кичевската епархија.

На литургјата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митополитот г.Петар и Епископот г.Климент.

Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. – апелира Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews